
ВИДЕО Силен земјотрес ја потресе Кина, има повредени и урнати згради (ВИДЕО)
Најмалку 21 лице е повредено, а 126 згради се урнале по земјотресот со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала што денеска ја погоди источната кинеска провинција Шандонг, јави кинеската државна телевизија, цитирана од Ројтерс.
Епицентарот на земјотресот е почувствуван во 2:33 часот по локално време. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри во близина на областа Пингјуан во градот Дежоу, соопшти Кинескиот сеизмолошки центар.
Кинеската железничка компанија запре некои возови, вклучително и на релација Пекинг-Шангај, поради земјотресот, објави државната телевизија.
Земјотресот бил почувствуван дури и во градовите Пекинг и Шангај, на околу 800 километри од епицентарот. Земјотресите не се невообичаени во Кина, но ретко го погодуваат источниот дел на земјата, каде што живее најголемиот дел од населението и се наоѓаат поголемите градови.
