
ВИДЕО Силен ветер однесе дел од покривот на зграда во центарот на Куманово
Дел од лимениот покрив на зграда на улицата „Гоце Делчев“ во Куманово падна попладнево поради силниот ветер. Инцидентот се случи во близина на крстосницата со булеварот „Трета Македонска ударна бригада“.
Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека случајот е пријавен кај општината и полицијата. Сообраќајот на местото се регулира од страна на СВР Куманово, а екипи на ЈП „Чистота и Зеленило“ ги отстрануваат паднатите делови од покривот.
– Со наша механизација се расчистува лимениот покрив, изјави директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Сашо Томиќ, додавајќи дека активностите се во тек и дека се преземаат мерки за безбедност на граѓаните.
