
ВИДЕО: Се запали куќа кај Универзална сала
Во пожар кој избувнал денеска околу пладне, се запалила куќа во близината на Универзална сала.
Од снимките на социјалните мрежи се гледа дека гори горниот спрат на куќата, а на терен веднаш излегле пожарникарите кои помогнале во гасењто на пожарот.
Командирот на скопската противпожарна бригата Звонко Томески за „360 степени“ кажа дека се опожарени еден спрат и кровната конструкција на куќата.