
ВИДЕО Се запали еден автобус на ЈСП
Вечерва избувна пожар во автобус на ЈСП-Скопје, кој бил паркиран во Транспортниот центар под Железничката станица во главниот град.
Снимка објавена од порталот Скопје1 прикажува како густ чад излегува од задниот дел на автобусот, од повеќе точки, додека засега не се соопштени информации за евентуални повредени лица или причината за пожарот.
ЈСП засега не се огласи со официјално соопштение, но се очекува увид и проценка на штетата во текот на ноќта.