
(ВИДЕО) Се запали брод кај Холандија, има и жртва
Се запали брод кај Холандија. Еден член на екипажот загина, а најмалку 16 се повредени кога избувна пожар на товарен брод на околу 27 километри северно од холандскиот остров Амеланд.
Холандските медиуми јавуваат дека во авионот имало 23 членови на екипажот. Крајбрежната стража информираше дека екипажот се обидел сам да го изгасне пожарот, но не успеал затоа што огнот се проширил многу брзо и на крајот бродот морал да биде евакуиран.
Холандската крајбрежна стража објави дека пожарот на панамскиот брод „Fremantle Highway“ уште гори и излегува од контрола. Бродот долг 200 метри, кој бил на пат од Бремерхавен, Германија, кон Порт Саид, Египет, носел 2.857 автомобили, од кои 25 електрични.
Пожари беснеат во Италија и Грција.
foto Twitter
Nog steeds flinke rookpluimen bij de #fremantleHighway boven #ameland. pic.twitter.com/Z3qoSe6rXk
— ᑎIᑕO (@NicoGuud) July 26, 2023

