
ВИДЕО Се запали автомобил на патот Струмица-Дабиле, причинета е значителна материјална штета
Синоќа во 23:30 часот, екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица интервенирала на патниот правец Струмица-Дабиле.
На местото на настанот беше забележан запален автомобил кој, при пристигнувањето на пожарникарите-спасители, се наоѓал во разгорена фаза.
-Со едно противпожарно возило и пет пожарникари-спасители, пожарот беше брзо локализиран и ликвидиран, велат од Пожарникари Струмица во својата објава.
И покрај навремената реакција, причинета е значителна материјална штета на возилото.