
ВИДЕО Се рушат дивоградби на кејот на Вардар
Град Скопје започнува со отстранување на дивоградбите и времените објекти поставени на кејот на реката Вардар, со цел воведување ред во користењето на јавниот простор во централното градско подрачје.
На терен можат да се забележат тешки машини и камиони.
Инаку, до пред декември имаше одлука и за куќичките со стари книги.Тие мораа да ги напуштат иако со години се лоцирани на кејот на Вардар во центарот на Скопје.
Од локалната самоуправа појаснуваат дека мерката е дел од поширок план за реорганизација и уредување на просторот, по што ќе следи распишување нов јавен повик.
Град Скопје најавува дека ќе бидат обезбедени нови локации и унифицирани куќарки за сите заинтересирани, кои ќе можат да аплицираат под еднакви и транспарентни услови за продажба на книги и кондиторски производи. Слична интервенција веќе беше спроведена на плоштадот „Македонија“, каде што беа отстранети тезгите за крофни, костени и пуканки.
Од друга страна, продавачите реагираат дека одлуката директно ќе им го загрози егзистенцијалното работење.

