
ВИДЕО: Се појави видео од тепачката меѓу полицајци – едниот се фаќа за пиштол, друг пцуе, трет ги разделува
На 16.04.2023 околу 04.45 часот пред угостителски објект во Кривогаштани бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Ј.(41) од с.Житоше и К.А.(45) од с.Житоше, двајцата полициски службеници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и ќе биде поведена и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и суспендирање од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка, информираат од СВР Битола.
ТВ Сител објави и видео од тепачката.
На истото може да се види дека еден од нив се фаќа за пиштолот, друг пцуе додека пак трето лице ги разделува.