
(ВИДЕО) Се појави снимка на која Тито зборува на англиски при посетата на Лондон
Се појави снимка на која се гледа како поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито зборува на англиски јазик при посетата на Лондон во 1953 година.
Познатиот филмски магазин „British Pathe“ претходните години го објави најголемиот дел од својата архива на Јутјуб. Тито стигна на островот со бродот „Галеб“, а го пречекаа премиерот Винстон Черчил, министерот за надворешни работи Ентони Идн, како и сопругот на британската кралица Елизабета Втора, принцот Филип.
Но, имаше и мал инцидент. Чадна бомба експлодирала недалеку од местото каде што „Галеб“ се закотви во пристаништето. Тито едноставно влезе во блиндиран автомобил и се оддалечи. Приказните за животот на Тито и ден денес се интересни за публиката.