
(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД ЗЕМЈОТЕРСОТ: Tраеше неколку секунди и ги исплаши Хрватите
Се појави нова снимка од земјотресот во Хрватска, кој се случи вчера и траеше 5-6 секунди.
Земјотресот беше со јачина од 4.8 степени и ја погоди Далмација. Земјотресот беше со епицентар на 15 километри североисточно од Стариград Пакленица.
Потресот го почувствувале во поширокото подрачје на Задар, во Лика, Далмација, како и во делови од соседна Босна и Херцеговина(БиХ).
Силниот земјотрес во Хрватска за 12 сантиметри ја помести историската камбанарија во Паг.