
ВИДЕО: Романтично запросување под најкритикуваната елка во регионот!
Новогодишната елка поставена на плоштадот Македонија во Скопје деновиве е цел на критики од целиот регион, но токму таа е магичното место на кое момче реши да ја побара раката на својата девојка.
На социјалните мрежи кружи видео на кое се гледа како додека саксофонистот свири романтична мелодија, момчето е клекнато пред девојката и и го подава прстенот.