
ВИДЕО Револт против загадувањето: Граѓани од Аеродром протестираа за чист воздух!
Револтирани граѓани од општина Аеродром попладнево повторно излегоа на протест поради високото ниво на загадување предизвикано од депониите Дрисла и Вардариште.
Присутните носеа транспаренти на кои пишуваше „Сакаме да дишеме“ и „Сакаме чист воздух“.
Протестот се одвиваше со јасни барања за итни мерки за чист воздух и подобра животна средина во главниот град, при што граѓаните апелираа институциите да преземат конкретни чекори за решавање на долгогодишниот проблем со загадувањето.
