
(ВИДЕО) Рамазански подарок ,,мерцедес’’ за оџата од Арачиново
За празникот Рамазан Бајрам оџата од Арачиново на подарок добил автомобил „мерцедес“ oд Арачиновци. „Мерцедесот“ е подарок од советниците и жителите на Арачиново.
Во коментари на споделеното видео на социјалните мрежи, граѓаните го критикуваат чинот и сметаат дека наместо „мерцедес“ за оџата на џамијата „Мираџ“, со парите можело да се помогне на многумина со храна или со покрив над главата.