
ВИДЕО Пукање во средно училиште во Ајова, пет амбулантни возила на терен
Во средното училиште во гратчето Пери, во американската сојузна држава Ајова, денеска имало пукање, јавуваат американските медиуми.
На местото на пукањето има најмалку пет возила за итна помош, јавува NBC News.
Канцеларијата на шерифот на округот Далас потврди дека дошло до пукање, но засега нема детали.
Денеска е првиот училишен ден по зимскиот распуст за учениците од гимназијата Пери, на кој присуствуваат околу 1.785 ученици.