
ВИДЕО: Пукање во амфитеатар на колеџ во Ротердам, има загинати
Неколку лица загинаа денеска кога вооружен маж отвори оган во амфитеатар на универзитет во холандскиот пристанишен град Ротердам, соопшти полицијата.
32-годишниот осомничен е уапсен откако полицијата на социјалните мрежи објави дека пукале во Медицинскиот факултет во Ротердам и во блиската куќа, објави Ројтерс.
Наведоа и дека на двете локации избувнал пожар.
На видеата на социјалните мрежи се гледа како полицијата им наложува на студентите да го напуштат универзитетот додека на местото на настанот пристигнуваат тешко вооружени екипи за апсење.
Два часа подоцна полицијата соопшти дека загинале неколку лица и дека се известени членовите на семејствата на жртвите.