Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО Првпат во државата во клиника Жан Митрев имплантирана валвула на белодробната артерија без отворање на градниот кош
Македонија

ВИДЕО Првпат во државата во клиника Жан Митрев имплантирана валвула на белодробната артерија без отворање на градниот кош

26/04/2025

AA

Првпат во државата, во клиниката Жан Митрев, тим од интервентни кардиолози имплантираа биолошка валвула кај 43-годишна пациентка со тешка пулмонална стеноза. Овој пример на интервентна кардиологија не само што овозможи минимално инвазивен третман, туку ѝ даде шанса за подобар квалитет на живот на пациентката која со децении се соочуваше со последиците од пулмоналната стеноза.

Пулмоналното валвуларно стеснување кај пациентката било третирано многу пати претходно – ѝ биле направени две операции, едната веднаш по раѓањето пред 43 години, а втората во 2005 година. Дополнително, таа била подложена и на уште четири балон дилатации на истата валвула, која за жал повторно се стеснила.

Успешната интервенција ја изведе тимот од интервентни кардиолози д-р Оливер Бушљетиќ, д-р Вилма Ампова-Соколов и д-р Даниел Униќ (кардиохирург – проктор за ТАВИ процедури), а пациентката била стабилна во текот на целата процедура.

„Очекуваме дека заморот и тешко дишење ќе бидат намалени, а толеранцијата за физички напор ќе биде значајно зголемена, како и самиот квалитет на живот. Ова е помалку инвазивна метода, без отворање на градниот кош и без екстракорпорални циркулации. Очекуваме пациентката да се опорави многу брзо и за два, до три дена да замине дома”, додава д-р Бушљетиќ.

„Исклучително сум задоволен што можев да му помогнам на овој одличен тим во клиниката Жан Митрев во исклучително сложената процедура на вградување на транскатетерски залисток на местото на претходно вградена биолошка протеза. Тоа беше направено кај млада пациентка која веќе е оперирана неколку пати и во детството и во зрелоста. Сега дојде ред да се ослободиме од стенозата на нејзината пулмонална артерија. Во ова успеавме со имплантација на валвулата „Мајвал 27,5″ преку транскатетерски пат преку феморалната вена. Немаше никакви компликации, резултатот е одличен и се надеваме дека пациентката ќе се опорави брзо и ќе има корист од него во иднина”, изјави д-р Униќ.

Оваа сложена интервенција е можност за третман на вакви комплексни пациенти кои имаат вродени аномалии во форма на пулмонални валвуларни стеснувања, многу полесно да бидат истретирани без да бидат оперирани.

Станува збор за процедура која заедно со онаа за аортна валвула, во клиниката Жан Митрев се изведува преку Фондот за здравствено осигурување. Ваквиот вид интервенции воедно претставуваат вистинска можност за комплексните пациенти кои се оперирани веќе неколку пати.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy