
ВИДЕО Први снимки од пожарот на брод во Охридското езеро, во тек евакуација!
Репортерот на 4NEWS.mk кој во моментов се наоѓа во Охрид ги испраќа првите снимки од пожарот кој попладнево избувна на брод.
Во моментов се врши евакуација на лица, а на лице место се присутни голем број полициски единици и пожарникари.
Последните информации се дека сите успешно се евакуирани од малиот брод.
Во моментов не се јасни причините за несреќата.
Оваа е најнова вест и истата е во разој…
Пред неполн месец, брод беше опожарен и целосно изгоре додека беше сместен во каналот Студенчишта.
Се наоѓате во Охрид, засегнати сте со оваа вест или пак имате нешто што сакате да ни кажете? Бидете наш репортер
