ВИДЕО ПРВИ СНИМКИ ОД ХАОСОТ ПРЕД ЛУВР! Луѓето панично трчаат на сите страни, се слушаат полициски сирени, голема гужва пред познатиот музеј
Музејот Лувр во Париз денеска беше затворен „од безбедносни причини“ 24 часа, додека Франција е во состојба на готовност по нападот во североисточниот град Арас, каде што исламист со нож избоде наставник до смрт.
– Лувр доби писмена порака во која се наведува дека постои ризик за музејот и неговите посетители. Решивме да се евакуираме додека ги извршуваме неопходните проверки – изјавила портпаролката на Лувр за агенцијата Франс прес.
Неименуван полициски извор за локалните медиуми изјавил дека до музејот била испратена закана за бомба, по што била донесена одлука објектот да се затвори во ден кога сè врие од туристи.
На социјалните мрежи се појавија неколку видеа на кои се гледа како луѓето во паника го напуштаат познатиот музеј, а потоа бегаат низ улиците додека напред се формира голема толпа.
Музејот претходно официјално го објави затворањето.
– Од безбедносни причини музејот Лувр денеска, сабота, 14 октомври ги затвора вратите. На лицата кои резервирале посета истиот ден ќе им бидат вратени парите – беше наведено.
Претходно се појави и видео од евакуацијата.