
ВИДЕО Протест во Аеродром: Жителите бараат крај на загадувањето од Вардариште
Стотина жители вечерва излегоа на протест во општина Аеродром, закажан за 18 часот, откако изминатите два дена низ целата општина се чувствува силна непријатна миризба предизвикана од пожар во Вардариште.
Како знак на револт, граѓаните го блокираа булеварот и побараа надлежните институции итно да најдат решение за проблемот.
Според нив, ситуацијата претставува „жив канцер“. Жителите на Аеродром, а особено на Ново Лисиче, редовно се жалат на чадот и мирисот од горење гума и пластика во Вардариште. Дополнително, и зимските мерења на квалитетот на воздухот покажуваат дека Аеродром е меѓу најзагадените општини во Скопје.