
ВИДЕО Претрес кај директорка на средно училиште во Демир Хисар, сега полицијата бара на носилки да биде однесена во полициска станица
Вечерва во Демир Хисар се одвива драматична акција на полицијата по наредба на јавен обвинител, со цел претрес на автомобилот и семејниот дом на директорката на средното училиште, Маја Лозановска.
За време на претресот, на лице место присуствувала и екипа на Брза помош, која констатира дека Лозановска е на боледување и има покачен крвен притисок.
И покрај тоа, началникот на полицијата во Демир Хисар инсистирал директорката вечерва, на носилки, да биде пренесена во полициската станица на информативен разговор.
Според адвокатот, поканата за информативен разговор има рок од 15 дена и информативниот разговор не мора да биде извршен вечерва.