
ВИДЕО Пресуда за убиствата на Вања и Панче
На ново рочиште денеска во Основниот кривичен суд Скопје, треба да биде објавена пресудата за убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски.
Обвинети за двојното монструозно убиство се Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, додека таткото Александар Ѓорчевски како соучесник.
Во обвинението стои дека сите заендо испланирале грабнување на 14-годишната Вања, со цел да изнудат пари за откуп. Грабнувањето, пак, на Жежовски било да се искористи неговиот автомобил „Ситроен“ за грабнување на детето.
Обвинетите изјавија дека не се чувствуваат виновни. Во завршните зборови, одбраната на обвинетите побараа ослободителна пресуда. Обвинителството побата максимална казна доживотен затвор за Палевски, Видевски, Кешишев и Манев.