Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „СТО ПРОЦЕНТИ СМЕ УСЛОГЛАСЕНИ СО ЕУ“: Божиновска вели се работи на стабилизација на ситуацијата со цената на електричната енергија
Економија

„СТО ПРОЦЕНТИ СМЕ УСЛОГЛАСЕНИ СО ЕУ“: Божиновска вели се работи на стабилизација на ситуацијата со цената на електричната енергија

25/06/2025

AA

Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини, гостуваше во поткастот, „ВМРО-ДПМНЕ зборува“ насловен „Поставен темелот за новата енергетска иднина“. Таа истакна дека МЕРМС работи на модернизација и усогласување на македонскиот енергетски сектор со европските стандарди. Божиновска зборуваше и за новиот Закон за енергетика и кажа дека е целосно усогласен со ЕУ и претставува значаен напредок за земјава. Во однос на цената на електричната енергија, таа објасни се работи на стабилизирање на ситуацијата, а ценовни скокови до крајот на годината нема да има. Божиновска се осврна и на гасоводниот интерконектор што ќе ја поврзе Македонија со Грција и истакна дека ова ќе ја позиционира Македонија на енергетската мапа на Европа.

„Енергетика е една сериозна област и тоа не само енергетика тука е и рударството и минералните суровини. Во Македонија има доста рудници и луѓе кои се бават со тоа, и тоа еден двигател на секоја економија. За оваа година ние покажавме резултати и тука соработуваме и со ЕУ и правиме координација на сите фирми. Имаме основано и доста интерни сектори кои се занимаваат и тука веќе има еден посериозен пристап кон енергетиката за којашто е и во програмата и секако е нешто што ќе нè движи напред и нашата економија“, вели Божиновска.

Во врска со новиот Закон за енергетика, таа објасни дека за прв пат се работи институционално, транспарентно и во соработка со ЕУ и додаде дека Законот беше пофален во Брисел и целосно усогласен со европските стандарди. Божиновска истакна дека воведен е нов концепт за складирање енергија и методологија за мерење на енергетската сиромаштија, што е значаен чекор за помош на ранливите категории граѓани. Според неа, целта е целосна интеграција на македонскиот енергетски сектор во европските стандарди, а методологијата се развива во соработка со ЕВН и Министерството за социјални работи, а енергетската сиромаштија се мери преку оваа методологија.

„Работевме на крајно на транспарентен начин. Ги повикавме сите учесници кои се релевантни за законот, имавме околу 16 јавни расправи, бевме на линија со ЕУ и со Енергетската заедница од Виена што значи дека ние работевме целосно транспарентно. Ги имплементиравме сите ЕУ практики, значи целосно е имплементиран ЕУ пакетот за чиста енергија. Законот е 300 страници, значи има сериозно голем број на работи кои се имплементираат“, истакна Божиновска.

Божиновска кажа дека се формирани граѓански заедници, што би им овозможило на жителите во поголеми згради да се здружат, да постават соларни панели и заедно да работат на намалување на цената на електричната енергија. Таа дополни дека тоа што МЕРМС е целосно усогласено со ЕУ, е привлечно за инвеститори. Во контекст на цената на електричната енергија, таа додаде дека се преземаат мерки за стабилизација и редовни ремонти, со цел да се избегнат ценовни скокови до крајот на годината.

„100 проценти сме усогласени со ЕУ. Во 2017 година производствената цена на електричната енергија беше 37, ние кога дојдовме таа беше 140 евра што значи за овие 7 години таа е неколку пати зголемена. Немало ремонти, хидропотенцијалот е немилосрдно трошен што значи менаџментот ги направи сите натчовечки напори за да може зимата да се помине. И сега се прават редовни ремонти. Ќе има нова цена на електрична енергија во овој период. Јас сум цврсто убедена дека ќе нема ценовни скокови значи до крај на годината дека нема да има поскапување“, рече Божиновска.

Божиновска зборуваше и за гасоводот кој ќе ја поврзе Македонија со Грција. Таа истакна дека проектот за изградба на гасоводот се забрза со распишувањето нов тендер, кој беше 12 милиони евра поевтин и го доби македонска фирма. Според неа, планирано е да се изгради дополнителен дел од 25 километри до Србија, што ќе овозможи снабдување на централна Европа преку Србија, а целта е Македонија да стане транзитна земја и да се позиционира на енергетската мапа на Европа.

„Многу сум задоволна што цената постигната на тендерот што ние го спроведовме е 12 милиони евра поевтина од претходната. Тие 12 милиони евра остануваат во Македонија и остануваат да се искористат за некои други инвестиции за добрата на граѓаните. Ова ќе биде втор влез што значи ќе можеме да доаѓа гас и од Азербејџан и од останати држави со тоа што Македонија е транзитна држава. Имаме да направиме само 25 километри со Република Србија. Потпишавме меморандум за соработка, значи МЕРМС со Република Србија и сега ќе најдеме инвеститор и за овие 25 километри, што значи од Република Грција низ Македонија преку Србија може да ја снабдуваме преку Србија централна Европа. Рокот е 22 месеци што за енергетски проекти е брзо. Се надевам дека за следните две години ние ќе поставиме и друг проект и тука веќе ќе може да зборуваме дека ќе сме транзитна земја и ќе бидеме на мапата во Европа“, заклучи Божиновска.

/faktor.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026
Македонија

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди

26/07/2026
Македонија

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026
Македонија

„И Здравје и Работа“: Доста е од дезинформации – време

26/07/2026
Македонија

Пронајдени човечки останки кај македонско-албанската граница

26/07/2026
Македонија

Мицкоски: Скопје памети, Македонија не заборава – вечен спомен за

26/07/2026
Македонија

Приведени осум лица – при преглед кај нив е пронајдена

26/07/2026
Македонија

Хорор во скопско село: Ја фатил мајка си низ прозорецот

26/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44677
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изрази сериозна загриженост поради последните инциденти со дронови во Романија и

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди своето прво дете

26/07/2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р Органџиски“ успешно била реализирана сложена

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026

Стотици жители на Гостивар побарале лекарска помош поради стомачни тегоби неколку дена пред надлежните официјално да прогласат епидемија, покажуваат податоците

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy