
ВИДЕО: Премиерот се фати за новинарскиот микрофон
Премиерот Димитар Ковачевски денеска посегна и по новинарскиот микрофон. Не знаеме дели некогаш имал желба или беше само гест на помош, но денеска не издржа да гледа како се тресе раката на колегата новинар, па понуди помош.
Во текот на изјавата тој ја пушти неговата рака на помош кај колегата новинар и така заедно продолжија да ги држат микрофоните.