
(ВИДЕО) ПРАТЕНИЦИТЕ ПРЕКУ ПРОЗОРЕЦ ВЛЕГОА ВО АЛБАНСКОТО СОБРАНИЕ: Teнзии и хаос во Тирана
Хаос настана во албанскиот Парламент, откако пратеници влегле во салата низ прозорец по судир со обезбедувањето.
Нивните колеги кои биле внатре ги отвориле прозорците за тие да можат да влезат во Собранието.
Пратениците Ервин Салијањи, Петрит Дода и Едмонд Спахо во петокот беа исклучени од работата на собранието на 10 дена.
Единствени кои не успеале да влезат во Собранието се Газменд Барди и Албана Вокши. Нив чуварите ги спречиле да влезат низ прозорците.
На 30-ти октомври во албанското Собрание имаше кавга, а потоа и тепачка.
Претходно, во 2021 и во 2017 година имаше тепачки во албанскиот Парламент.
foto EPA
