
(ВИДЕО) ПРАТЕНИЧКА ВО СРПСКОТО СОБРАНИЕ ДОБИ УДАР ВО ГЛАВАТА: Моментот е снимен
Снимен е моментот кога пратеници погодија своја колешка во главата денеска во српското Собрание. Јасмина Обрадовиќ доживеала мозочен удар, а во неа удрила шок-бомба. Како што соопштија властите, нејзиниот живот е во опасност.
Претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ изјави дека во денешните немири се повредени три пратенички. Српскиот претседател Александар Вучиќ веднаш се упати во болница и се фотографираше со пратеничката Обрадовиќ.
На социјалните мрежи е објавено видео од моментот кога, очигледно, шише удира пратеничка во главата.
Засега не се знае кој точно погодил, но според распоредот на седиштата може да се претпостави дека ја погодил некој нејзин колега од СНС.
Evo kako je i ko je povredio Jasminu Obradović. pic.twitter.com/jBe91l6xDA
— Saša Popović (@SasaPopovich) March 4, 2025
