
ВИДЕО Пожарот што беснееше кај Софилар до Струмица е ставен под контрола
Заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, денеска објави видео од пожарот што беснееше кај Софилар до Струмица. Во видеото, споделено на неговиот официјален профил, јасно се гледа сериозноста на ситуацијата.
Пожарот зафатил голема површина, а екипите на терен вложуваа максимални напори за да го локализираат огнот и да спречат негово ширење.
На видеото може да се види густ чад и високи пламени јазици, додека пожарникарите со голема посветеност се справуваа со опасната стихија.
По неколку часа борба со огнената стихија од земја и воздух, ставен е под контрола пожарот кај Софилар до Струмица каде неколку викендички и помошни простории изгореа.
