
ВИДЕО Пожар во село Димонце – мештаните сами се борат со огнот
Вечерва изби голем пожар во кратовското село Димонце. Според локалните жители, огнената стихија брзо се проширила, зафаќајќи поголем дел од селото.
„Цело село гори, сè е пепел. Спасивме една куќа, но многу гори. Нема никој, сами гасиме“, алармираат мештаните.
На терен сè уште нема присуство на противпожарни екипи, а граѓаните бараат итна помош. Ситуацијата е критична и постои сериозна опасност за домовите и безбедноста на населението.