
ВИДЕО Пожар во објект во Штип, зафатен хангар со преси за картон и алуминиум
На 22 декември 2025 година, во 23:11 часот, во СВР Штип е пријавено дека избил пожар во објект на улицата „Железничка“ во Штип, сопственост на С.В. (49) од Штип.
Според информациите од полицијата, во пожарот горел отпад, а зафатен бил и хангар во кој се наоѓале три преси за картон и алуминиум.
Повредени лица нема, а пожарот е целосно изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип.
