
ВИДЕО Повторно пожар кај Визбегово
Уште едно загадување го вознемири населението во скопската населба Визбегово, каде денеска повторно изби пожар. Според првични информации, гори дива депонија во близина на индустриската зона.
Како што може да се забележи и од јавната камера на ЈСП на Водно, над тој дел од градот се издигнува густ чад, кој се шири кон урбаните делови на Скопје.
Според ЦУК, пожарот е на крајот од Улицата Брсјачка Буна, во прашање е пак дел од депонијата, а БППЗ веќе се на лице место и интервенираат.
Во моментот нема можност од загрозување на објекти но димот е голем и видлив од далеку..