
(ВИДЕО) ПОВТОРНО НЕРЕДИ ВО БЕЛГРАД: Фрлаа јајца и боја, има пет уапсени
Немири имаше денеска пред белградското Градско собрание. Опозициските советници и пратеници, кои протестираат уште од утрово, се обидоа насилно да влезат во зградата. Тие ја пробија металната ограда.
Седницата заврши експресно, за нешто повеќе од еден час, при што владејачкото мнозинство ги изгласа сите предлози без расправа, а опозицијата ја прекина работата. Напнатоста ескалираше кога демонстрантите се судрија со обезбедувањето, а ситуацијата излезе од контрола.
Опозиционерите прво ја гаѓаа зградата со јајца и црвена боја, а потоа ситуацијата целосно ескалираше. Полицијата уапси пет лица. Деновиве имаше нереди и во српското Собрание, каде пратеници се тепаа, фрлаа јајца и чадни бомби. Три пратенички беа повредени.
фото принтскрин
Privatni batinaši beže u Skupštinu grada od naroda. pic.twitter.com/ShXBkVwK6n
— Eko Straža (@EkoStraza) March 6, 2025