
(ВИДЕО) ПОТЕГ КОЈ ПРИВЛEЧЕ МЕДИУМСКО ВНИМАНИЕ: Еди Рама ја бакна во образ Џорџа Мелони
Медиумско внимание привлече албанскиот премиер Еди Рама, откако ја бакна во образ италијанската премиерка Џорџа Мелони на настанот на Европската политичка заедница во Кишињев во Молдавија.
Рама ја прегрна и ја бакна во образот Мелони. Претходно, тој го бакна политичарот Жан-Клод Јункер за време на состанокот во 2019 година. Рама ја бакна раката на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен за време на минатогодишниот самит во Тирана. Инаку, Рама е познат по тоа што необично се облекува, односно често на официјални настани се појавуваше облечен во костум и патики.