
ВИДЕО: Последни подготовки – Ахмети го „штима“ гласот
Првиот заменик премиер Артан Груби, на социјалната мрежа Фејсбук штотуку објави видео на кое заеднички пејат лидерот на ДУИ, Али Ахмети и пејачот Илир Шаќири, видно расположени.
Во описот Груби напиша, заедно за ЕУ.
Првиот вицепремиер Артан Груби на својот фејсбук профил го најави присуството на Ахмети на митингот на ДУИ закажан за денеска во Чаир.