
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА: Водостојот на реката Сана се искачи на 435 сантиметри
Обилни дождови имаше во Босна и Херцеговина(БиХ), каде има излеани реки и поплави.
Посебно загрижувачка е состојбата во Сански Мост, каде водостојот на реката Сана се искачи на 435 сантиметри, а вчера беше 169 сантиметри. Реката се излеа во повеќе области.
Во Цазин, пожарникарите се зафатени со испумпување на водата од поплавените згради.
Во Босанска Крупа се излеаја и реките Крушница, Баштра и Комарица, кои предизвикаа штети на земјоделските површини.

