
(ВИДЕО) ПОПЛАВЕНИ УЛИЦИ: Невреме ја зафати Хрватска
Силно невреме денеска ја зафати Хрватска, а на удар се Задар, Макарска, Дубровник.
Во Макарска за кратко време наврнаа дури 40 мм дожд, што предизвика поплави во некои делови од градот. Температурите во тој дел на Јадранот од просечни 35 степени паднаа на пријатни 23 степени. Дожд и грмежи имаше и во Дубровник.
И во Македонија вечерва и утре се очекуваат обилни врнежи од дожд.
