
(ВИДЕО) ПОПЛАВЕНИ НИВИ И ДВОРОВИ: Се излеаја реки во Босна
Реката Босна се излеа од коритото на влезот во градот Сараево.
Klix.ba објави снимки од воздух на кои се прикажани поплавените области во сараевската рамнина, во населбите Бојник, Доглоди и Рајловац. Поплавен е и просторот околу автопатот.
Реката Миљацка во Сараево е заматена. Во Маглај, сообраќајот под градскиот мост е во прекин поради надојдените води на реката Босна, додека еден од влезовите во Зеница е блокиран. Општина Олово прва донесе одлука за прогласување на првиот степен на заштита од поплави, пишува Кликс.
Во областите Какањ и Високо поплавени се многу зелени површини, меѓу кои земјоделски имоти и дворови. Зголемени се и водостоите во реките во областа Зворник, како и во областа Бјелина. И во западна Србија имаше излевање на реки.
