
(ВИДЕО) Поплавата оштети мост во бугарското село Боровци
Надојдена река оштети мост во бугарското село Боровци.
Граѓаните велат дека човекот не може да се бори со природата. Некои од бугарските граѓани велат дека ова е направено со европски пари и се сомневаат во квалитетот на градбата. Боровци се наоѓа во северозападна Бугарија и има над 650 жители. Видеото е објавено на Метео Балканс. Штети од невремето има во Македонија, но и во Србија.