
ВИДЕО Помор на плашицата во Охридско езеро
На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео од мртви риби – плашици, снимено кај охридското село Лагадин.
Снимката прикажува голем број угинати риби на брегот на Охридското Езеро, што предизвика реакции и загриженост кај граѓаните и љубителите на природата.
Засега нема официјални информации за причината за угинувањето, но граѓаните бараат надлежните институции итно да излезат на терен и да ја испитаат ситуацијата.
Стравувањата се дека може да се работи за загадување на езерото или за еколошка непогода.
Очекувањата се дека Министерството за животна средина и други надлежни служби ќе постапат брзо и ќе излезат со информации за причините и можните последици од овој случај.