Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 (Видео) Полициска акција во Скопје запленети 150 кг наркотична дрога вредна 400.000 евра
Магазин

(Видео) Полициска акција во Скопје запленети 150 кг наркотична дрога вредна 400.000 евра

03/05/2023

AA

Во вторникот, во заедничка координирана акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Специјалната антитерористичка единица Тигар и Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје биле пронајдени и запленети 150 килограми наркотична дрога марихуана со вкупна вредност од околу 400.000 евра, при што се лишени од слобода 4 лица. Имено, околу 17.00 часот на улица „Скупи“, биле запрени три патнички возила со скопски регистарски ознаки, и тоа „форд галакси“, управувано од Б.З.(44), кое имало улога на чистач, „пежо експерт“, управувано од Р.З.(49) каде сопатник била неговата сопруга Џ.З.(45), додека третото возило „БМВ“ го управувал нивниот син И.З.(19), сите од Скопје.

При даден знак на полициски службеници за запирање на возилата, Б.З. со возилото се дал во бегство, но за кратко време од полициски службеници возилото било запрено, а возачот бил лишен од слобода. При извршен преглед во возилото „пежо експерт“ биле пронајдени 13 големи картонски кутии во кои имало 102 пакувања со марихуана, а од слобода бил лишен и возачот на „БМВ“, кој имал задача да предупредува за присуство на полиција.

По обезбедени наредби за претрес на дом и други простории од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд биле извршени претреси на три локации и во автомеханичарски сервис на подрачјето на Ѓорче Петров, при што се пронајдени уште 4 картонски кутии со уште 32 пакувања со марихуана, голема дигитална вага, машина за пакување, повеќе ќеси, 8 црни големи патнички торби и ќеси со марихуана, два романски пасоши и 4 куршуми калибар 9 мм., информираше од МВР Сузана Прањиќ Талевска.

Во текот на спроведената истрага, која полицијата ја водела, било утврдено дека Р.З. ја набавил дрогата при крајот на месец април 2023 година од албански државјанин, по што ја сместил во неговиот автомеханичарски сервис, каде ја препакувал и сместил во картонски кутии со цел за понатамошен транспорт за Р.Турција. Притоа, преку Секторот за меѓународна полициска соработка преку Интерпол од Р.Турција добиена е информација дека на 12.06.2013 Р.З. заедно со неговата сопруга и синот биле фатени и лишени од слобода при транспорт на 14.560 грама хероин, кој бил сокриен во специјално изработен бункер во патничко возило „фолксваген фетон“, негова сопственост, за што и издржувале затворска казна во Р.Турција.
Во текот на денешниот ден од страна на СВР Скопје до надлежното ОЈО Скопје ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по член 215 и член 396 против сите четири приведени  лица.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СВЕДОШТВАТА ЗА „ПУЛС“ ЈА УРИВААТ ТЕОРИЈАТА ЗА СИСТЕМСКИ ПРОПУСТИ ВО

27/01/2026
Македонија

Мицкоски: Не бев статиста во Давос, не барав селфи по

27/01/2026
Македонија

Мицкоски: Минималната плата согласно закон ќе биде зголемена во месец

27/01/2026
Македонија

ТРИ ТЕШКИ НЕСРЕЌИ, ТРОЈЦА ПЕШАЦИ ВО БОЛНИЦА Сообраќаен хаос на

27/01/2026
Македонија

ВНИМАВАЈТЕ: Одрони на патот Делчево – Македонска Каменица

27/01/2026
Македонија

ВИДЕО Се сруши ѕид во Штип, оштети неколку автомобили!

27/01/2026
Македонија

Зголемен водостојот на Лепенец, Пчиња и Кумановска река – во

27/01/2026
Македонија

„Сејф сити“ ќе се тестира на автопатската делница Охрид –

27/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40666
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СВЕДОШТВАТА ЗА „ПУЛС“ ЈА УРИВААТ ТЕОРИЈАТА ЗА СИСТЕМСКИ ПРОПУСТИ ВО МИНАТОТО Смртоносната стапица била создадена

27/01/2026

Вчерашното рочиште за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ донесе морничави, но правно исклучително значајни детали кои фрлаат сериозен сомнеж врз

Мицкоски: Не бев статиста во Давос, не барав селфи по ходници, сите говори ми беа

27/01/2026

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, учеството на економскиот форум во Давос го оцени како историски успешно, нагласувајќи дека неговата улога

Мицкоски: Минималната плата согласно закон ќе биде зголемена во месец март

27/01/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на новинарско прашање околу протестот на Сојузот на синдикати, истакна дека секој има право да си

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy