
(ВИДЕО) ПОЛИЦИЈАТА УПАДНА НА СВАДБА ВО СПЛИТ: Причина е пиротехника
Полицијата во хрватскиот град Сплит упадна на свадба поради пиротехника.
Припадници на интервенциската полиција синоќа упаднале на свадба во Вранјицу, населба северно од Сплит. Тие упаднале затоа што било активирано пиротехничко средство, при што настала материјална штета. Групата Еуфорија објавила снимка на која се гледаат припадниците на интервенциската полиција во салата каде се одржувала свадбата. Една личност е уапсена.
Во дискотеката Пулс во Кочани, на 16 март годинава настана пожар откако од пиротехника се запали плафонот. Загинаа 62 луѓе.
Видеото можете да го видите тука.