
ВИДЕО Полицијата трага по убиецот, повреден и еден случаен минувач во Тетово
Попладнево во Тетово беше извршено убиство при кое едно лице загина, а едно е повредено, јавува репортерот на 4NEWS.MK.
Нападот се случил додека жртвата се наоѓала во автомобил „Голф“, кога непознат сторител истрелал рафал од автоматска пушка кон возилото.
Од истрелите бил погоден и случаен минувач, младо момче, чие здравствено состојба засега не е позната, но истото е хоспитализирано во тетовската болница.
МВР има поставено контролни пунктови на влезовите и излезите од Тетово, како и на наплатните станици. Моментално таму има специјални единици.
Според информациите, има сомнеж дека убиецот е на возраст од 30 до 40 години.