
(ВИДЕО) ПОЛИЦИЈАТА НЕ РЕАГИРАШЕ: Хрвати нападнаа Срби од Сомбор
Хрвати нападнаа Срби во Хрватска. Во Вуковар хрватски граѓани нападнаа Срби од Сомбор, а полицијата не реагираше.
На Денот на сеќавањето, 18 ноември, четири млади момчиња го нападнале возачот на автомобил со сомборски регистерски таблички кој се движел во правец на Винковци од Вуковар.
Објавена е и снимка на која се гледаат млади мажи како излегуваат од автомобил со вуковарски регистерски таблички и викаат, удираат со раце и нозе во друг автомобил. Инцидентот се случил пред кружниот тек во Нуштра нешто по 10 часот наутро, во исто време кога во Вуковар почнала Колоната за сеќавање. Полицијата ги пуштила напаѓачите без разговор и пријави.
