
ВИДЕО ПОЛИЦИЈАТА ГО БЛОКИРШЕ ПАРИЗ! Маж влезе во иранскиот конзулат, се заканува дека ќе се разнесе
Полицијата ја опколи областа околу иранскиот конзулат.
Непознат маж се заклучил во зградата на иранскиот конзулат во Париз и се заканува дека ќе се разнесе. Областа Трокадеро е опколена од полицијата.
Полициски извор изјави за Ројтерс дека мажот бил виден како влегува во конзулатот околу 11 часот, носејќи граната и елек со експлозив. Полицијата побара од јавноста да ја избегнува областа. Засега не е познато дали инцидентот има врска со ескалацијата на тензиите меѓу Иран и Израел.