
ВИДЕО Полиција упадна во скопска играчница, 50 евра било кокаин, 1000 денари хероин, 600 марихуана
Полицијата упадна во играчница во скопската населба Гази Баба во сопственост на Р.К.
Тој набавувал кокаин, хероин и марихуана и потоа ги препакувал и ги препродавал по цена од 3000 денари за пакување кокаин, од 600 до 1000 денари за пакување хероин и 600 денари за пакување марихуана. Р.К. продавал дрога на поголем број лица.
Во деловниот објект се пронајдени 21 компјутери со монитори и гејмерска опрема, разновидна компјутерска опрема вредна околу 120.000 евра, за кои постои сомнение дека се купени од парите од продажба на дрога.
Претходно Р.К бил осуден и издржал казна затвор од 15 години за продажба на дрога.
