ВИДЕО Поголемиот дел од Златибор под вода: „Важно е да се гради, кому му треба канализација“
Медиумите од соседството објавуваат видеа и фотографии од познатиот зимски центар Златибор кој е поплавен од обилите дождови. .
На социјалните мрежи е објавена неверојатна фотографија и видео на кое се гледа како врвот на Златибор е поплавен по обилните врнежи од дожд. Многумина беа шокирани од фактот дека има поплава на врвот на планина.
Jebotemiš, napravili smo poplavu na vrhu planine! Nebeski narod 1/1 https://t.co/GCJKIbeOEp
— Đipalo Č. Junuz (@M_Cutuk) June 14, 2023
Обилните врнежи направија проблем низ Србија, а како што е наведено на Твитер, на 14 јуни поплавен е и врвот Златибор. Еден корисник на социјалната мрежа ја објави фотографијата со натпис: „Направивме поплава на врвот на планината! Небески луѓе 1/1“, пишуваше.
Evo ga i snimak, sad dobih pic.twitter.com/2bQexFhgwF
— Milena (@mojaekselencija) June 14, 2023
Еден од коментарите беше дека е важно да се градат згради. „Кому му треба канализација, одводнува“, вели еден корисник на Твитер. Други пишуваа дека се е бетонирано и дека се очекувало во вакви ситуации врвот на планината да биде поплавен.
„Тоа е бетонска планина, како пирамида“, е друг коментар.
Фото: Принтскрин/Твитер