
(ВИДЕО) Погледнете каква зграда во Црна Гора изградил Турчинот кој се обиде да избега од државата
Tурчинот чии згради се урнаа по силниот земјотрес, по што беше уапсен на аеродром, во обид да избега, гради и во Црна Гора.
Претприемачот Мехмет Јашар Јошкун, кого минатата недела го уапсија во Истанбул под сомнение дека незаконски изградил резиденција уништена од земјотресот, формирал компанија во Будва и започнал со милионски инвестиции во тој град, објави порталот Курир. Регионалните медиуми минатата недела дојдоа до информации дека Џошкун е еден од сопствениците на компанијата „Антис Монтенегро“ која изградила четирикатница во градот Будва со два подрума. Се работи за зграда која практично „виси на работ“ над Будва (во Бечиќи). Алџезера Балканс денес објави видео прилог од зграда која навистина виси на работ од рид. Во Турција и Сирија има 42.000 жртви.
Од првите мостри се виде дека во градбите имало малку цемент.