
(ВИДЕО) По разнесувањето на браната: Водата го поплави центарот на Нова Каховка, се евакуираат жителите, секоја минута е важна
Населението од околу 300 куќи во Новаја Каховка, на југот на Украина, се евакуира по уривањето на браната на блиската хидроцентрала, објавија проруските власти, пренесува ТАСС. На социјалните мрежи се појавија видеа и фотографии од градот на кои се гледа како се зголемува нивото на водата, а самиот центар на градот практично е поплавен.
On the right bank of the #Dnieper, 16,000 people found themselves in a critical flood zone, said the head of the #Kherson regional military administration Prokudin. pic.twitter.com/MLmNKzq9ft
— NEXTA (@nexta_tv) June 6, 2023
Делови од ова место се веќе под вода, а на едно видео се гледа како жител на Нова Каховка се движи по поплавен локален пат. Водата стигна до центарот на градот до зградата на градската управа.
Снимките од воздух ја покажуваат и драматичната ситуација во градот.
The center of #NovaKakhovka now. pic.twitter.com/BNkUiRM09z
— NEXTA (@nexta_tv) June 6, 2023
Потопена е и Палатата на културата, а во негова близина се снимале лебеди.
Swans near the Palace of Culture in Nova Kakhovka. pic.twitter.com/JFzSwKYUC7
— NEXTA (@nexta_tv) June 6, 2023
Браната Каховка во делот на Херсонската област што е под контрола на руските сили утрово се урна во гранатирање, за што меѓусебно меѓусебно се обвинуваат Русија и Украина.
Евакуацијата на населението во областа Нова Каховка, која се наоѓа на брегот на реката Днепар, започна откако се урна браната на хидроцентралата Каховка.
„Сега ги преместуваме жителите кои се директно на брегот. Градот се уште е под гранатирање. Мислам дека жителите на околу 300 куќи ќе бидат евакуирани и тие веќе се евакуираат сега за да се избегнат жртви“, изјави за ТВ „Русија-24“ Владимир Леонтиев, шеф на проруската општинска администрација.
Тој изјави дека штетата на хидроцентралата во Каховка е предизвикана од гранатирањето на Киев и дека тоа предизвикало сериозна штета на животната средина.
Според него, нивото на водата во реката Днепар во Нова Каховка е зголемено за повеќе од 10 метри поради уривањето на ХЕ Каховка и може да достигне и до 12 метри пред да почне да паѓа.
фото: Nexta