
ВИДЕО Појава на град во делови од Скопје – жител од Козле испрати видео до нашата редакција
Попладневното нестабилно време го зафати и Скопје, каде во делови од градот е забележана појава на град. Наш читател испрати видео од населбата Козле, на кое јасно се гледаат ледени зрна како паѓаат со интензитет, проследени со пороен дожд и грмежи.
Невремето е дел од поширокиот нестабилен бран кој денеска попладне се движи од запад кон централните и источните делови на земјата. Освен во Скопје, нестабилност со дожд, град и силен ветер е забележана и во Велешкиот и Штипскиот регион.
Метеоролозите најавуваат дека нестабилноста може да продолжи и во вечерните часови, па се апелира до граѓаните да бидат внимателни и да ги следат прогнозите и официјалните известувања.