
ВИДЕО Планинари се искачија на Шар Планина по повод 13. ноември – Денот на ослободувањето на Скопје
Група на планинарски меѓу кои и директорот за Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов денеска се искачија на Шар Планина по повод утрешниот празник 13. ноември, Ден на ослободувањето на Скопје.
Планинарите на врвот ги дочекаа минусни температури, снег и силен ветер.
„Секоја чест за овие ентузијасти. Центарот за управување со кризи дава поддршка за развој на планинарството во Македонија. Малку снег, многу ветер…“, вели Ангелов.
На друштвените мрежи Ангелов објави видео од акцијата.

