
ВИДЕО Пламени јазици проголтаа куќа во Драчево, пожарот локализиран, но не целосно изгасен
Драматична вечер за жителите од улица Бранко Заревски во скопската населба Драчево. Пожар започнал во една, а се проширил кон други објекти и куќи. На терен итно пристигнале пожарникари кои се уште се обидуваат да ги стават под контрола пламените јазици.
На терен постојано пристигнуваат нови противпожарни возила со вода, бидејќи пожарот е локализиран, но се уште не е целосно изгасен.
Екипи на ЕВН Македонија се присутни кои ја исклучија струјата во овој дел од населбата.
Црн чад се издига од куќата која е речиси целосно оштетена. Прозорците се испукани од високата температура која се развила за време на пожарот.
Комшиите се речиси сите надвор од своите домови, иако ладно сведочат на она што се случува попладнево во Драчево и акцијата која ја спроведува пожарната.
На терен се и полициски службеници кои ја имаат делумно блокирано улицата.
