
ВИДЕО Пијан возач со автомобил проби ѕид и влезе во куќа во Велес
На улица „Јордан Џурнов“ во Велес, вчеравечер, патничко возило „фолксваген“ со радовишки регистарски ознаки, удри во ѕид од куќа, го проби и им влезе во соба на сопствениците.
Возачот избегал од местото на сообраќајната незгода.
На 23.07.2025 година, во 19:55 часот на улица „Јордан Џурнов“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Е.В.(23) од Радовиш.
По преземени мерки, возачот и возилото биле пронајдени, при што било констатирано дека Е.В бил под дејство на алкохол, односно имал 1,92 промили алкохол во крвта, а возилото го управувал пред да се стекне со право на управување со моторно возило.
Е.В. бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило